Ерменија и Велс одиграа нерешено, слават Хрватите (Видео)

Нерешениот исход на дуелот помеѓу Ерменија и Велс со резултат 1-1, најмногу му одговара на хрватскиот национален тим кој сега сам си одлучува за својата судбина и играњето на Европско првенство.

Хрватите ако ги добијат последните два меча, вечерва на гости со Летонија и потоа за три дена дома со Ерменија, ќе се пласираат на ЕВРО 2024.

Ерменија попладнево поведе рано, тоа беше погодок кој можеше да им ги зголеми шансите за пласман на ЕП, но Велшаните изедначија во финишот на првото полувреме. Голот на Ерменците погледнете го ТУКА. Домашните имаа неколку убави шанси во вториот дел, но резултатот остана непроменет и средбата заврши со резултат кој е лош и за Ерменија и за Велс.

Ерменија ја продолжи убавата традиција во пресметките со Велс. И после четири меѓусебни дуели, тимот од британскиот остров нема победа над Ерменија.

- Оглас -

Најнови вести