Ерменците и Казахстанците нема да се сметаат како странци во руската лига

Фудбалерите од поранешните советски држави Ерменија, Казахстан и Киргистан од следната сезона нема да бидат третирани како странци во рускиот шампионат. Од февруари 2019 година Белорусите играат како домашни во Русија, па сега листата само се зголемува.

Одлуката на извршниот комитет на Руската фудбалска федерација официјално треба да биде донесена во текот на денешниот ден, состанок кој ќе се одржи преку видеоконференција. Русија, Ерменија, Белорусија, Казахстан и Киргистан се земји членки на Евроазиската економска унија.

- Оглас -

Најнови вести