Голем скандал го тресе шпанскиот фудбал, откако претседателот на фудбалскиот сојуз на оваа земја, Луис Рубиалес, на финалето на женското Светско првенство ја бакна фудбалерката Џени Ермосо.
Имаше обиди ситуацијата да се објасни дека била на “обострано задоволство“, но сега самата фудбалерка излезе во јавност со изјава дека такво нешто не постои.
– “Не се согласив претседателот Луи Рубиалес да ме бакне“ – изјави Ермосо и ги расчисти дилемите.
Таа додаде дека имала постојан притисок да даде изјава со која ќе го заштити претседателот на шпанскиот сојуз, а таков притисок им бил вршен и на нејзиното семејство, пријателите и соиграчите.