„Ерупција“ во Неапол, вечерва никој нема да заспие (Видео)

Фудбалерите на Наполи конечно го прекинаа 33-годишниот пост и за првпат по 1990 година ја освоија титулата во Серија А и предизвикаа еуфорија во Неапол. Навивачите низ Неапол го прославуваат освојувањето на титулата, низ целиот град навивачите излегуваат на улиците и со знамиња и чадни бомби го прославуваат големиот успех.

Наполитанците вечерва одиграа 1:1 на гостувањето кај Удинезе, а освоениот бод им беше доволен на пет кола до крајот да ја освојат шампионската титула, која е трета во клупската кариера, по што настана вистинска ерупција на стадионот „Диего Марадона“ во Неапол, каде што навивачите го следеа натпреварот што се играше во Удине.

Фановите паднаа во транс, во 52-рата минута Осимен постигна гол за 1:1, резултат кој на крајот се покажа како конечен.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести