Еспањол му одговори на Пике: Не е сè во парите

Жарарт Пике сакаше да се пошегува со Еспањол со изјавата пред дербито на „Камп ноу“ дека нема некаков посебен ривалитет меѓу Барселона и Еспањол, со компарација дека тој направил повеќе пари од целиот буџет на ривалот за оваа година.

Веднаш му стигна одговор од Еспањол, а нивната поента е дека не е сè во парите.

„Доволна е нашата историја од 119 години. Во приказна што трае 21 минута, Пике може да види со кого ќе игра. Основата на фудбалот е да го респектираш ривалот“, стои во дел од пораката за Пике од Еспањол.

Многу реакции на адреса на стоперот на Барселона има и од навивачите на Еспањол, а очекувано, сите без исклучок се бесни на наводната шега на Пике.

Тој во интервјуто за ТВ-емисијата La Resistencia се пошегува и на сметка на вечниот ривал од Ел Класико, Реал Мадрид. На прашањето колку често има секс, Пике одговори: Се сметаат ли сите ситуации на „Сантијаго Бернабеу“?

Одговор веројатно ќе има и од Кралскиот клуб, а шегите на Пике очигледно не им легнаа добро ниту на симпатизерите на градскиот ривал Еспањол, секако ниту на тие на вечниот ривал од Мадрид, Реал.

- Оглас -

Најнови вести