Еспањол официјално побара да се поништи испаѓањето од Примера

Еспањол имаше очајна сезона во шпанското првенство и на крајот неизбежно беше испаѓањето од Примера дивисион. Клубот кој 26 години беше дел од елитата, во неодамна завршената сезона беше најслаб и со само 25 освоени бодови во 38 меча, го освои последното 20-то место на табелата.

Во текот на сезоната, Еспањол само по комплетирање на четвртото коло беше надвор од зоната за испаѓање, а во последните 20-тина кола, постојано беше фенерџија во лигата. И покрај тоа што реално беше најслаб тим сезонава, од Еспањол официјално упатија барање до челниците на лигата за поништување на одлуката за клубовите да испаднат поради тоа што сезоната „завршила во ненормални услови“.

Во Еспањол се повикаа на одлуката во Туриција да нема испаѓање исто како и во Србија, иако сезоните регуларно беа доиграни. Сепак има и сосема поинакви одлуки, како што е таа во Франција. Првенството во Франција не се доигра, но трите најслаборангирани клубови до моментот на прекин беа исфрлени од елитната лига.

Покрај Еспањол на одлука да нема испаѓање се надеваат и Мајорка и Леганес.

- Оглас -

Најнови вести