Естонскиот селектор: Барам игла во сено, Македонија нема слаба точка

Селекциите на Естонија и Македонија од 18 часот во Талин ќе водат битка за бодови на мечот од Лигата на нации, Лига Ц, а иако се домаќини, Естонците фаворитската улога им ја препуштаат на избраниците на селекторот Игор Ангеловски. Естонија одамна нема победа, играат лошо, а и традицијата е контра нив. Македонија двапати им гостувала, и двапати ги победила.

Нивниот селектор, Карел Волаид, вели дека Македонија има поголем индивидуален квалитет и нема некоја сериозна слаба точка.

„Македонците се тежок противник. Немаат некоја голема слабост, и тоа е карактеристика на силни тимови. Тие се тим со модерен стил на игра, а имаат и врвни индивидуални квалитети. Не мислам дека тоа што тие имаа еден ден помалку одмор од нас, ќе направи голема разлика. Јас се надевам дека ќе бидат заморени, но веројатно ќе имаат енергија за барем три четвртини од мечот“ – изјави Волаид кој најави неколку промени во составот во однос на пријателскиот меч со Литванија кој го загубија.

- Оглас -

Најнови вести