Етеми: Крај на прекрасна сезона за мене, дебитирав и за Македонија со убава победа од 4:0

Валјон Етеми го имаше првиот настап за македонската фудбалска репрезентација во победата денеска против Гибралтар од 4:0.

За 24-годишниот офанзивец ова е убав крај на сезоната во која имаше многу успеси и со својот тим Истанбулспор се избори за настап во Првата турска лига, а сега и дебитираше победнички за Македонија.

„Среќен сум, а ова е шлаг на успешната сезона за мене. Дебитирав за Македонија и ќе го паметам овој момент, а уште поважно е што победивме убедливо“, вели Етеми.

Тој има само 24 години и во иднина од него Македонија очекува многу. Денеска доби шанса да игра во второто полувреме, кога во 46. минута го замени Езџан Алиоски, а очекува и во иднина да биде дел од националниот состав, кој има уште два меча во септември во овој циклус од Лигата на Нации, против Грузија на гости и со Бугарија дома.

- Оглас -

Најнови вести