Ето осуден на 22 месеци за неплатен данок, но ќе избегне затворска казна

Поранешниот голгетер на Барселона и сегашен претседател на камерунската фудбалска федерација, Самуел Ето, денес беше осуден на 22 месеци затворска казна поради неплатен данок во Шпанија, но ќе избегне живот зад решетки.

Ексѕвездата на Каталонците ја призна вината, односно ги прифати обвиненијата за финансиската малверзација во која главен оперативец бил неговиот поранешен претставник, Хосе Марија Месалјес.

Станува збор за сума од речиси четири милиони евра неплатен данок, заработени од правата на имиџот како заштитно лице на Пума, во периодот од 2006 до 2009 година, кога Ето царуваше на „Камп ноу“. За да не заврши во затвор, целата сума ќе ја врати назад на даночната управа во Шпанија.

Ето не бил свесен за затајувањето на данок, па затоа се одлучи правно да го гони Месалјес, неговиот поранешен агент.

- Оглас -

Најнови вести