Еуфорија во Шарлот затоа што го победија Челзи, Арсенал и Сити не дозволија изненадување (Видео)

Челзи беше голем фаворит во дуел со просечната екипа на Шарлот во подготовителен меч во САД, но на крајот загуби. Англискиот премиерлигаш поведе со голот на Пулишиќ во 30-тата минута и делуваше дека мечот така ќе заврши, но домаќините во 92-рата минута израмнија преку Риос од пенал и се изборија за нерешено, па мораше да се шутира „пенал-рулетот“.

Во петте серии на пенали, сите петмина фудбалери на Шарлот беа прецизни, додека кај Челзи промаши Конор Галагер, што беше знак за голема еуфорична прослава кај над 50.000 домашни навивачи.

На подготовки преку Атлантскиот Океан се уште некоку англиски екипи. Арсенал без многу проблеми победи на теренот на Орландо со 3:1, додека шампионот во Премиер лигата, екипата на Манчестер сити со 2:1 се радуваше во дуелот против Клуб Америка од Мексико. Кевин де Бројне беше стрелец на двата гола за фаворитот, а интересно е дека новото засилување на Манчестер сити, Ерлинг Халанд, остана на резервната клупа на овој дуел.

Во мечевите кои рано утрово се играа во Америка, Евертон беше шокиран во дуелот со Минесота и загуби убедливо со 4:0.

- Оглас -

Најнови вести