Еуро Никел слабо котира кај шампионот, МЗТ Скопје ја продолжи серијата победи против кавадарчани

МЗТ Скопје ја продолжи одличната серија победи против Еуро Никел и по шестипат по ред ги надигра кавадарчани, вечерва со 81:67.

Актуелниот првак на Македонија ја доби првата четвртина со 21:15 и најави нова сигурна победа против денешниот ривал.

Гостите беа нешто подобри во вториот период, единствен што го добија на мечот и на полувреме заминаа со негатива од пет поени, 37:32.

МЗТ Скопје го засили темпото во второто полувреме, на 7 минути до крај имаше и 22 поени разлика, 68:46 и сигурно ги освои бодовите.

Бојан Крстевски со 17 поени беше најефикасен во 11-та победа на аеродромци, а веднаш зад него се Рикиќ и Дејвис со по 14 поени.

Кај гостите Калахан беше прв стрелец со 14 поени, а Еуро Никел сега има биланс од 6-7 во битката за настап во плејофот.

МЗТ Скопје е на второто место со 11-3, зад лидерот Пелистер кој има совршен учинок од 13 победи и е без пораз.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести