Македонскиот ракометен првак Еурофарм Пелистер негира дека нивниот крилен играч Дејан Манасков бил приведен поради инцидент со помошникот-тренер на ГРК Охрид, но потврдија дека бил во полициска станица.
„Ракометарот на Еурофарм Пелистер, Дејан Манасков, беше повикан на информативен разговор во СВР Охрид, по што е пуштен дома, ги демантираме сите медиуми дека нашиот ракометар е приведен“, објавија од битолскиот клуб.

