Македонскиот ракометен првак Еурофарм Пелистер, претрпе катастрофален пораз на гостувањето кај Барселона од 27-47 со што го заврши настапот во Лигата на шампионите оваа сезона.
Битолчани в недела ги чека дерби со Вардар во домашната Суперлига и тој меч им е приоритет, што на Барса им ја олесни работата. Каталонците првото полувреме го добија со 24-15 и потоа вториот дел беше формалност и делуваше на егзибициски меч без многу одбрани.

