Еурофарм Работник дебитираше со пораз во ЕХФ Купот

Еурофарм Работник претрпе пораз од Хановер со 24:21 во дебитансткиот настап во ЕХФ Купот. Екипата од Битола одигра доста квалитетно иако Хановер важеше за фаворит на средбата, кои не дозволија изненадување на стартот од групната фаза.

Домаќините го контролираа резултатот во текот на целата пресметка, но Работник во неколку наврати надополнуваше највисока негатива од четири гола. Битолчани пропуштија голема шанса во клучни да дојдат до израмнување при резултат од 22-21, па иако до крајот играа со играч повеќе не успеаја да реализираат ниту еден гол, за Хановер да слави победа со три гола разлика.

Најефикасен играч на Работник беше Граџан со шест погодоци, по четири дадоа Кузмановски и Остроушко, додека Хансен го предовдеше домашниот тим со седум гола.

Следната недела тимот од Битола ќе дебитира на домашен терен против Татабања.

- Оглас -

Најнови вести