Нов минимален и болен пораз за екипата на Еурофарм Работник во ракометната Лига на шампионите. Во салата „Боро Чурлески“ во Битола, „фармацевтите“ загубија од Татран Прешов со 23-24, а победничкиот гол гостите го постигнаа на 7 секунди до крајот.
Како по традиција, тимот на тренерот Стевче Алушовски водеше по првото полувреме, додуша само минимално, а потоа не падна, туку градеше предност и на 13 минути до крајот, битолчани имаа плус од 21-17. Тогаш, Словаците направија голема серија од 5-0, и го презедоа водството, што придонесе за смалена самодоверба на Е. Работник. Во последната минута се влезе со 23-23. Битолчани имаа напад, кој не го искористи Остроушко, а на другата страна дојде казната, и нов минимален пораз за македонскиот тим во ЛШ.
Остроушко со 8 и Граѓан со 5 гола, беа најефикасни во редовите на Е. Работник кој нема среќа и искуство во ваквите мечеви, па сега има четири порази (сите со по еден гол разлика) во пет меча.