Руската и турската лига се најсилните фудбалски шампионати во Европа кои не ја прекинаа сезоната поради пандемијата на коронавирус, и се предводници на 16 земји каде фудбал ќе се игра и викендов. Топ 5 лигите ги одложија средбите, но фудбалот нема да биде целосно мртов.
Некаде без публика, некаде со публика, но фудбал ќе се игра во 16 држави. Понудата за обложување ќе биде далеку помала од вообичаеното, но сепак билтените на обложувалниците нема да бидат празни.
Фудбалските први лиги не беа запрени во Турција, Кипар, Русија, Белорусија, Србија, Исланд, Шведска, Украина, Унгарија, Азербејџан, Финска, Гибралтар, Казахстан, Косово, Црна Гора и Фарски острови.