Еве зошто Челзи го регистрираше пензионираниот Чех (видео)

Потегот на Челзи да го регистрира Пет Чех за претстојната сезона во Премиер лигата иако прочуениот голман пред две лета ја заврши кариерата, не делува така изненадувачки ако се знае дека ексголманот на Сините и Топчиите уште може да брани на врвно ниво.

Поранешниот чувар на чешката репрезентација моментално работи како технички директор во Челзи и е тренер на голманите, но и натаму е физички подготвен да прави фанстастични паради и интервенции како во свое време.

Не треба да се заборави дека Чех е помлад од резервниот голман на Сините, Вили Кабалјеро, има 38 години, додека пак аргентинскиот голман е постар една година, па не е изненадување што Чех уште се фрла на тревата како некогаш.

https://twitter.com/LDNFootbalI/status/1319286088305831937

- Оглас -

Најнови вести