Кими Антонели од Мерцедес е освојувач на пол-позицијата во Монако и утрешната трка низ улиците на Монте Карло каде речиси нема места за претекнување, ќе ја почне од најповолното место.
Лидерот во генералниот пласман, во последниот свој круг го направи најдоброто време и му ја „украде“ победата на Макс Ферстапен. Од вториот ред ќе стартуват пилотите на Ферари, Луис Хамилтон и Шарл Леклер. Моначаненцот Леклер имаше шанса да освои пол-позиција на домашен терен, но во последниот обид се удри во ѕид, па мора да се задоволи само со четврто место.
За Антонели, ова е четврта пол-позиција годинава. Сите пол-позиции во 2026 досега ги освојуваат пилоти на Мерцедес, а Антонели досега победуваше на сите трки на кои тргна од пол-позиција.

