Евролигата запнала да има клуб во Велика Британија

Првиот човек на кошаркарската Евролига, Жорди Бертомеу, одамна има намера да вклучи клуб од Велика Британија, и нема намера да се откаже од идејата. Ни откажаната сезона 2019/2020, ни падот на финансиската сила на клубовите не го премислуваат.

На Шпанецот, британскиот пазар му е примамлив со години, и бара партнери за инвестиција од барем 100 милиони фунти (клубот би имал годишен буџет од 22 милиони евра), кога за пет години би развила евролигашки клуб во Лондон. Нема временски рок за реализација на идејата, но потрагата по спонзор е на врвот на листата на приоритети.

Лондон од 2001/2002 немал евролигашки клуб, а и тогаш залутаните Лондон тауерс не се прославија, имаа скор 0-14, и како клуб не постојат од 2009 година. Бертомеу се „запали“ по Лондон во 2013 година, кога таму се одржа фајнал-форот. Клубот кој би го формирале, би играл само во Евролигата, не и во англискиот шампионат.

Останува да се види дали упорноста на Бертомеу ќе се исплати.

- Оглас -

Најнови вести