Европа во шок, и за Македонија ова не е добра вест – ЕП 2021 изгледа ќе се игра само во Русија!

Европското првенство во фудбал за мажи кое треба да се одржи следното лето наместо во 12 града од 11 земји, изгледа ќе се игра само во Русија. Ова тврдење го објави француски „Ле Паризиен“, повикувајќи се на извори во УЕФА.

ЕП 2020 беше одложено од оваа за следната година. Очекувањата беа до јуни да стивне пандемијата со корона-вирусот, но УЕФА веќе има план  ако работите не се променат драстично во следните месеци.

„Има голема веројатност целото првенство да се одржи во Русија. Според официјалните податоци, таму има ниско ниво на короновирусна инфекција, а Русија располага и со доволен број на стадиони, беа домаќини на СП 2018″, изјавиле луѓе од УЕФА за францускиот медиум.

Според актуелниот план, ЕП ќе се игра од 11 јуни до 11 јули 2021 година. Русија секако треба да биде еден од домаќините, но само на четири меча: три од групната фаза и едно четвртфинале. Овие мечеви треба да се играат во Санкт Петербург.

Меѓу 24-те земји учеснички се надеваме дека ќе биде и Македонија. Нашите репрезентативци треба да играат во романската престолнина Букурешт против Украина и Австрија, а во Амстердам против Холандија. Евентуална преселба во Русија веројатно ќе значи и помал број на наши фанови.

- Оглас -

Најнови вести