14.8 C
Skopje
сабота, 12 јули 2025

Европскиот првак заглави во Москва

ЦСКА Москва го победи Реал Мадрид со 82:78 во дербито на 22. коло во Евролигата и успеа да се израмни со актуелниот европски првак на втората позиција. Двете екипи кои се аспиранти за титулата сега имаат по 17 победи, зад лидерот Фенербахче.

Предводени од Ентони Рендолф, кој постигна 20 поени, гостите одиграа подбро во првото полувреме и имаа предност од 40:34, но ЦСКА ја стопи предноста и ги освои бодовите.

Нандо Де Коло одигра одличен меч и беше најефикасен на теренот со 21 поен, а му помогнаа и Хигинс и Хакет со 15, односно 14 поени.

ЦСКА е во серија од четири победи, а Реал ја прекина успешната мини-серија од два триумфи по ред.

 

- Оглас -

Најнови вести