Фабио Капело: Во „жив ѕид“ не се ставаат играчи кои се плашат од топката

Прославениот италијански стратег Фабио Капело не може да верува каков гол прими Јувентус за елиминација од Лигата на шампиони. Според Капело, играчите кои стоеја во „живиот ѕид“ во ниту еден момент не смее да се уплашат од топката и да го направат тоа што го направија тие од Јувентус.

Посебно на „тапет“ е Кристијано Роналдо кој не само што скокна, туку целосно со грб се сврте и воопшто немаше контрола каде оди топката за да може евентуално да блокира. Топката помина точно низ нозете на Роналдо.

„Тоа беше неверојатна грешка. Во мое време ги одбиравме играчите што ќе стојат во живиот ѕид. Тоа беа играчи кои не се плашеа од топката. Овие играчи од Јувентус се уплашија од топката. Скокнаа и се скрија со свртен грб. Тоа е недозволиво“, рече Капело.

https://twitter.com/i/status/1369536461696098304

 

- Оглас -

Најнови вести