Фабрегас денес за последен пат ќе биде во дресот на Челзи, а потоа заминува во Франција

Сеск Фабрегас се очекува денеска да биде во составот на Челзи за мечот против Норингем Форест во рамките од третото коло во ФА Купот, што би бил и последен пат да го носи дресот на англискиот премиерлигаш. Според најавите, шпанскиот офанзивен играч за врска, веќе договорил трансфер во Франција. Ќе треба да заигра за Монако.

Шпанецот беше незадоволен од минутажата во Челзи, па очекувано е негово заминување во друг клуб. Најчесто шпекулациите беа дека може да заигра во Милан, но сепак, како што пренесува „Скај спорт“, работата е договорена со Монако.

Францускиот тим е во незавидна ситуација. Монако игра очајно, испадна од Лигата на шампионите, а во домашното првенство е во зоната за испаѓање. На чело на тимот е Тјери Анри, кој е поранешен соиграч на Фабрегас, од времето кога двајцата играа во Арсенал.

Челзи ќе добие 10 милиони евра оштета за играчот кој во последните четири сезони беше дел од „Стемфорд Бриџ“.

 

- Оглас -

Најнови вести