После поразот од 1-2 против Јувентус, тренерот на Комо, Сеск Фабрегас, беше многу лут на судиите.
При резултат 1-1, централниот дефанзивец на Јувентус, Федерико Гати, со рака ја одврати топката која се најде пред напаѓачот на Комо, Анастасиос Дувикас. Од ВАР собата не одлучија да го повикаат главниот судија да ја прегледа снимката.
„Нема друго толкување, ова е чист пенал. Дувикас ја контролираше топката со градите и без тој контакт со рака, ќе имаше отворен пат до голот, ќе беше неверојатна можност да ја обезбедиме победата. Сега си одиме дома со нула бодови, се чувствуваме глупаво. Не можам да молчам. Знам дека сме мали, но морам да кажам доста е. Јасно ми е дека судијата на теренот не можеше да ја види оваа ситуација со Гати, но кога ВАР ја гледа таа снимка и не кажува ништо, тогаш се сомневам како се оценуваат ситуациите за некои клубови, а како за други. Грешки се случуваат, но мораме да одлучиме што е пенал, а што не. Оваа недоследност го прави ВАР лоша работа за фудбалот. Верувам во ВАР кога се користи правилно“, изјави Фабрегас.
Јунак на Јуве беше Рандал Коло Муани кој ги постигна двата гола за гостите, вториот од пенал во 89-та минута и влезе во историјата како прв играч во последните 30 години кој дал пет гола на неговите први три натпревари во Серија А.
Инаку, Гати кој ја допре топката со рака, рече дека во вакви ситуации кога станува збор за мал ненамерен допир на топката со рака, не треба да се суди пенал, без разлика дали е за или против Јувентус.
Gatti fissa con gli occhi la palla e con la mano la sposta volontariamente
È un rigore ridicolo per quanto netto non scherziamo ahahahapic.twitter.com/GPwILWi4vM
— Tomoriano (@tomorienjoyer_) February 7, 2025