Фабрегас ќе биде тренер на Лајпциг од следната сезона?

Светскиот шампион со репрезентацијата на Шпанија од 2010 година, Сеск Фабрегас, е една од опциите за нов тренер на бундеслигашот Лајпциг за следната сезона, пренесува германскиот весник „Лајпцигер Фолкцајтунг“. Како што се наведува, Фабрегас има одлични односи со еден од клучните луѓе во организацијата на Ред Бул, Оливер Минцлаф.

Двократниот европски првак во моментов работи како тренер на италијанскиот прволигаш Комо.

Во моментов Лајпциг го води привремениот тренер Жолт Лев, кој беше назначен по отказот на Марко Розе минатиот месец.


Клубот активно бара нов тренер за следната сезона, а меѓу кандидатите, според медиумите, се наоѓаат и актуелниот менаџер на Кристал палас, Оливер Гласнер, тренерот на Сент Паули, како и Роџер Шмит, кој во моментов е без клуб, а во минатото ја водеше Бенфика.

Инаку, Гласнер веќе ги негираше шпекулациите дека ќе седне на клупата на Лајпциг.

- Оглас -

Најнови вести