Фабрегас: Му благодарам на Бог што во Англија потпишав за Челзи, а не за Манчестер

Фудбалерот на Монако, Сеск Фабрегас, се присети на периодот кога требало да одлучи дали да ја прифати понудата од Челзи или некој од двата манчестерски клуба.

Пред да си замине од Барселона, имаше шпекукации дека ќе се врати во Арсенал, но Фабрегас не доби понуда од Топчиите, па Жозе Мурињо го искористи моментот.

„Кога решив да ја напуштам Барселона, Арсенал ми беше прва опција. Сакав да се вратам таму, Венгер знаеше, но не сакав никого да молам и откако мина една недела и ме одминаа, сфатив дека не ме сакаат. Имав понуди од Сити и Јунајтед, на крајот разговарав со Мурињо, нешто што мислев дека никогаш нема да се случи. По тој разговор, немаше дилеми, одлучив да одам во Челзи. Лондон го чувствувам како мој дом, не Манчестер”, изјави Фабрегас, кој со Сините освои две титули во Премиер лигата.

- Оглас -

Најнови вести