Сеск Фабрегас е незадоволен од минутажата која ја добива во тимот на Челзи и затоа најави дека сака да си замине од „Стемфорд бриџ“. Како главна следна дестинација на Шпанецот се споменува Милан. Италијанскиот тим е во потрага по квалитетно засилување, а докажаниот Фабрегас сигурно е вистинско решение.
Офанзивниот играч за врска неодамна потпиша нов четиригодишен спонзорски договор со „Пума“, а токму тоа е најава дека Милан ќе биде неговиот следен клуб. „Росонерите“ и „Пума“ соработуваат и токму тоа треба да биде врската и за доведувањето на Фабрегас на „Сан Сиро“.
Иако уште не е потврдено, трансферот треба да биде официјалнизиран во јануарскиот преоден рок.