Фалангата е подготвена за читање весници – Нека ни биде пак досадно против Австрија (Фото)

Македонија убедливо ја победи Австрија на последниот меѓусебен меч на двете репрезентации на Мундијалот во Катар пред пет години, а популарната Фаланга тогаш изведе еден од најинтересните штосови на спортските арени.

Лазаров и соиграчите ја прегазија Австрија со 36:31, а македонските навивачи во финишот на мечот читаа весници и одлилчно одглумија дека им е досадно да гледаат апсолутна доминација на својата репрезентација.

Австријците беа испратени со познатото „Ауфидерзен“, па посакуваме и денеска во „Штадхале“ да има реприза од Мундијалот во Катар 2015 и повторно Фалангата да чита весници од победничка досада во чест на Лазаров, Манасков, Митревски, Стоилов и останатите наши ракометари.

На Македонија за сигурен пласман во втората рунда ѝ одговара победа од два или повеќе голови разлика. Мечот ќе се игра од 18.15 часот.

- Оглас -

Најнови вести