-2.2 C
Skopje
вторник, 20 јануари 2026

Фалангата е „икс факторот“, може да сметаме дека Македонија и пред почетокот води со 1-0

Романски навивачи во Хернинг нема, или нивниот број е минимален и занемарлив, па ако ништо друго, јасно е дека македонските ракометари ќе имаат доминација на трибините и силен ветер в грб од фановите на денешниот меч (почеток 18 часот) против балканските ривали.

Популарната Фаланга пак ќе го остави гласот и ќе дава несебична поддршка, веруваме дека играчите ќе се оддолжат со победа, по можност убедлива, за продолжување на надежите за пласман меѓу 12-те најдобри на ЕП 2026.

Данците се покажуваат како големи љубители на ракометот, доаѓаат масовно и на мечевите на кои не игра нивната селекција и вечер може да се очекува над 10.000 гледачи на дуелот со Романија, но, секако, песните и скандирањата на Фалангата се тоа што ги пали нашите репрезентативци.

Треба прво наша победа, потоа ќе навиваме за Данска против Португалија со надеж дека може да се достигнат тие вкупно барем 19 голови разлика во победите на Македонија и домаќините.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести