„Фалангата“ ја освои Виена: Ќе биде како Македонија да игра дома против Чешка

Македонија денеска во салата „Штадхале“ во Виена може да се чувствува како да игра на домашен терен. Тоа е така затоа што е најавено доаѓање на неколку илјади македонски навивачи, кои треба да бидат седмиот играч во остварување на целта, а тоа е победа против Чешка и пласман меѓу најдобрите 12 селекции во Европа.

На првиот меч против Украина, Македонија имаше подршка од неколку илјади навивачи, а по таа победа, најавено е дека денеска таа бројка ќе биде уште поголема. Условите за да биде зголемен бројот на македонски фанови се идеални. Ја имаме потребната победа, се игра за викенд во попладневни часови, што значи дека речиси нема изговори за сите оние кои работат во Австрија и околните земји да дојдат во Виена и да ја бодрат Македонија.

 

- Оглас -

Најнови вести