Фалангата не ја заборава традицијата: во Берлин се кршеше лепче со паричка за Василица

Повеќе од една деценија, јануари на спортски план е месец резервиран за македонската ракометна репрезентација и настап на некое големо натпреварување. Дали е Европски или Светско првенство, нашата репрезентација постојано има голема поддршка од многу наши фанови кои го сакаат овој спорт и специјално патуваат да бидат дел од радостите, но секако и од разочарувањата кои ги носи спортот.

Како по традиција, големиот празник Василица е во време на натпреварување на кое ракометарите играат некаде далеку, а таму се и навивачите кои знаат како да прослват. За Василица, адетот е да се крши лепче со паричка, а кај кого ќе се падне паричката, се верува дека тој ќе го прати среќа во текот на целата година.

Една група на докажани верни навивачи, традиционално ја слави Василица, а оваа година по поделените лепчиња, најголема среќа имаше Зоран Наковски, популарно познат како Бардо.

“Кога jа следиме македонската ракометна репрезентација на големите натпреварувања, традиционално славиме и Василица со кршење лепче со паричка. Желбами е секако да има здравје и среќа, а ракометната репрезентација уште долго да настапува на ЕП и СП и да ни носи радости, а ние да ја бодриме секаде“, посака Бардо по наоѓањето на паричката Во Берлин.

Нека е за многу години празникот и уште долго да се слави со спортски успеси на Македонија и многу радости за Фалангата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести