Шок за шампионот: Денвер испушти +20, па ја загуби мајсторката од Минесота (Видео)

Актуелниот НБА-шампион, Денвер нагетс, нема да има можност да ја брани титулата со оглед на поразот на домашен терен во мајсторката од Минеста со 90-98. Вистински шок за шампионот кој се врати по негатива од 0-2 на домашен терен, но повторно пресудна беше лошата игра токму пред своите гледачи.

Првото полувреме им припадна на кошаркарите на Денвер со 53-38, но во вториот дел на паркетот како да истрчаа други екипи. Комплетна доминација на гостите, кои во третиот период намалиja само на еден негатива откако ја добија четвртината со 14-28, а во последната и му го задодоа завршниот удар на шампионот, и тоа на негов терен.

Мареј со 35 и Јокиќ со 34 поени беа единствените расположени за игра во поразената екипа и ниту еден друг кошаркар на домашниот состав немаше двоцифрен ефект, додека во екипата на Минесота дури шестмина кошаркари имаа двоцифрен број поени.

https://www.youtube.com/watch?v=KcofBRiZaYA

Голема победа на гостински терен забележаа и кошаркарите на Индијана, кој со 109-130 ја добија мајсторката против Њујорк и закажаа конференциско финале против Бостон.

- Оглас -

Најнови вести