7.8 C
Skopje
петок, 16 јануари 2026

Фалангата не се плаши од силата на Данска: Низ улиците ечи „Излези момче“ (Видео)

Голем предизвик ќе имаат македонските ракометари на првиот меч вечерва во Хенриг каде противник е домаќинот и актуелен светски првак Данска. Освен на теренот, голема борба ќе има и на трибините.

Јасно е дека домашните навивачи ќе доминираат во салата, но без разлика каде и да игра Македонија, секогаш таму е и нашата Фаланга. Така ќе биде и овојпат. Се очекува околу 200 наши навивачи да бидат на трибините и да дадат поддршка на избраниците на селекторот Кирил Лазаров.

Некои во Данска допатуваа со авион, други и со брод од околните земји, а има и такви кои со автобил допатуваа од Македонија. Повеќе од 2.300 километри пат, но и тоа не е ништо кога се работи за бодрење на Македонија.

Фалангата веќе е подготвена, низ улиците ечат препознатливите навивачки песни за бодрење на Македонија.

- Оглас -

Најнови вести