0.8 C
Skopje
четврток, 22 јануари 2026

Фалангата со автобусот вечерва ќе биде дома: Напорно е, но сите повторно би го направиле тоа!

Навивачката патувачка Одисеја на 30-тина македонски љубители на ракометот кои минатата среда рано наутро со автобус заминаa кон Данска е при крај, вечерва оваа група пристигнува дома.

Фановите се од различни генерации, од деца на училишна возраст, меѓу кои и Марко кој го фати крстот во базенот во Архус, до пензионери, има и жени, а освен скопјани, има навивачи и од Прилеп, Дојран, Охрид… кои ќе треба и уште да патуваат по пристигнувањето во главниот град на Македонија.

Ниту еден од нив не жали што помина толку долг пат (прво од Скопје до Прага, па мал одмор и пак пат, од Прага до Архус, со патувања до Хернинг на деновите кога имаше мечеви, а потоа враќање од Хернинг до Братислава, ноќевање и на крај Братислава-Скопје) во автобус, недоволно наспани.

Од старата гарда искусни навивачи на кои вакви патувања им се познати, до младите, сите велат дека им било интересно, дружбата е на прво место и би го повториле ова.

- Оглас -

Најнови вести