Фали Рамадани ќе го прескокне Манчестер јунајтед, го носи Кулибали во ПСЖ

Фали Рамадани повторно ќе направи голем трансфер, иако тетовецот е под истрага во Шпанија за перење пари. Негов играч е одличниот Сенегалец Калиду Кулибали, за кого е објавено дека ќе го засили Пари Сен Жермен веќе ова лето.

Имаше опција фудбалерот на Наполи, чиј менаџер е Рамадани, да се пресели на „Олд Трафорд“ во редовите на Манчестер јунајтед, но Наполи ја одби понудата од 100 милиони евра за да го ослободи својот стопер.

Сега италијанските медиуми објавуваат дека ПСЖ му нуди на Кулибали годишна плата од 10 милиони евра, што е недостижно за Црвените ѓаволи.

Се истакнува и дека Кулибали веќе ги разрешил сите дилеми, а поткрепа е фактот дека веќе купил стан во Париз. Ако се оствари трансферот, тој би чинел меѓу 150-170 милиони евра, сума во која е вклучена отштетата за Наполи и четиригодишната плата за Сенегалецот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести