Светски познатите спортисти често знаат да имаат интеракција со своите фанови преку социјалните мрежи, па во една таква ситуација се најде и победничката на Австралија опен Арина Сабаленка. Една од најдобрите тенисерки на денешницата дозволи од навивачите да поставуваат прашања, а таа да им одговара.
Еден навивач не беше доволно пристоен, па побара од тенисерката да му испрати „жешка фотографија“. Тенисерката од Белорусија имаше подготвено „одговор“ и фотографија за овој фан, која ја испрати на „стори“ и го „поздрави“ со коментар: Дали е оваа фотографија доволно „жешка“?
На фотографијата, Сабаленка покажува „среден прст“ за навивачот кои имаше непристојно барање.