Фановите го изгласаа Ливерпул за најпопуларен клуб во Англија

Ливерпул е избран за најомилен фудбалски клуб во Англија, според резултатите од една анкета. Во студијата, се пресметуваа 16 различни индикатори, како јавна перцепција за менаџментот на клубовите, играчите, тренерите, културата на навивачите, традицијата, успесите, атрактивноста на фудбалот кој го играат, кој ривал најчесто го гледаат на телевизија, итн.

За тимот предводен од тренерот Јирген Клоп, гласале 8,3 проценти од испитаниците. Манчестер јунајтед е втор со 6 отсто од гласовите, а трети е Челзи со 3,1 проценти. Потоа следуваат Манчестер сити и Арсенал со по 2 проценти. Во топ 10 влегле уште Тотенхем, Вулверхемптон, Њукасл, Евертон и Астон Вила.

Ливерпул е на прагот да ја освои титулата во Премиерлигата, но овој клуб е прв и во други критериуми, па така Црвените се најпопуларен клуб на британскиот остров.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести