Фановите го одбраа највлијателниот играч во Премиер лигата за оваа деценија (видео)

Фановите на Премиер лигата преку реномираниот медиум „Би-би-си“ го одбраа највлијателниот фудбалер за изминатата декада. Гласањето се одвиваше онлајн, а голгетерот на Манчестер сити Серхио Кун Агуеро, е избран за играчот кој остави најголем впечаток кај англиските фанатици.

Aгуеро е член на Граѓаните од 2011 година, а уште во првата сезона во светлосиниот дрес стана клупска икона. Агуеро го постигна пресудниот гол против КПР во победата од 3-2 во судиското надополнување, гол со кој им ја донесе титулата на Манчестер сити по речиси 50 години пауза во лудата шампионска трка со градскиот ривал Јунајтед.

Несомнено Аргентинецот е најдобар стрелец во историјата на Сити, досега вкупно одигра 355 натпревари на кои запиша 244 погодоци и 71 асистенција, а освои бројни титули и индивидуални награди во изминативе сезони.

Не постои фудбалски фан кој не го памети лудото коментирање на Мартин Тајлер во моментот кога Агуеро ја стресе мрежата на Ренџерите, а како изгледаше сето тоа, можете да видите уште еднаш во следното видео:

https://www.youtube.com/watch?v=ORADgdswojA

- Оглас -

Најнови вести