Фановите на Бока и Ривер прават феноменална атмосфера во Мадрид (Видео)

Ривер плејт и Бока јуниорс конечно се подготвени да се соочат во мечот кој треба да го даде новиот шампион на Јужна Америка. Двата аргентински гиганти на неутрален терен во Мадрид, вечерва од 20:30 часот ќе го играат реванш-мечот од Купот Либертадорес.

Мечот кој првично требаше да се одигра уште минатиот месец во Буенос Аирес, беше одложен поради дивеењето на фановите на Ривер плејт, кои ги нападнаа гостинските играчи. Неколку фудбалери беа повредени, а дуелот беше одложен. На крајот, по многу надмудрувања, беше решено јужноамериканскиот првак ќе се решава на „Сантијаго Бернабеу“ во Мадрид.

Атмосферата која доаѓа од главниот град на Шпанија засега ветува дека ќе биде вистинска фудбалска фешта.

 

- Оглас -

Најнови вести