Реал Мадрид во финишот од мечот на „Вембли“ доаѓа до водство од 1-0 со погодокот на Дани Карвахал. Се играше 74-тата минута кога конечно попушти одбраната на Борусија Дортмунд. Тони Крос фантастично изведе корнер, а Дани Карвахал со небесен скок беше највисок во казнениот простор на противникот и конечно ја смести топката во мрежата на „милионерите“.