Фантастичен круг на Расел за прва пол позиција во кариерата

Возачот на Мерцедес, Џорџ Расел ги изненади сите во квалификациите на патеката за Големата награда на Унгарија, откако буквално во последните секунди од квалификациите го комплетираше фантастичниот круг кој му донесе историска прва пол позиција во кариерата.

Расел имаше време од 1,17:377 минута и зад себе го остави двоецот на Ферари, Карлос Саинц кој е втор и Шарл Леклер кој ќе стартува од третата позиција. До Леклер ќе биде Ландо Норис, а потоа следуваат Окон, Алонсо, Хамилтон, Ботас, Рикардо, а актуелниот светски првак Макс Ферстапен ќе стартува од 10-тата позиција.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести