Фантастична кореографија на Лацијалите (видео)

Лацио вчера не успеа да ја совлада Верона во обид да го одржи чекорот со водечките Јувентус и Интер. Дуелот на „Олимпико“ заврши без голови и покрај тоа што во редовите на Лацио игра моментално најдобриот стрелец во Серија А Чиро Имобиле.

Домашните навивачи очекуваа триумф, па затоа и направија фантастична кореографија за да ги мотивираат своите миленици. Кога играчите излегуваа на теренот, светлата на стадионот се изгаснаа, а од северната трибина се појави орел составен од светлината на смартфоните, кој е симбол на римскиот клуб. Во позадина свиреше песната на блокбастерот „Авенџерс“ компонирана од Алан Силвестри, американскиот композитор за филмска музика.

- Оглас -

Најнови вести