Фантастична приказна на Саша и Крис – Момчето што го победи ракот на црниот дроб ноќеска ќе игра против идолот што му помогна (Фото)

Поранешниот американски репрезентативец Саша Клјестан и младиот јунак Крис Хегарт ја испишаа најубавата спортска и животна приказна и ноќеска повторно ќе се сретнат по 12 години и ќе играат еден против друг во МЛС лигата на дуелот меѓу Шарлот и Лос Анџелес Галакси.

Клјестан, кој е многу познат фудбалер во САД со 52 настапи за репрезентацијата во 2010 година го посети тогаш 8-годишното момче Хагарт во болница, за да му даде поддршка во битката со ракот на црниот дроб.

Крис успеа да ја добие животната битка по долга хемотерапија, а во 2011 година му беше пресаден црн дроб.

Успеа со својот талент и упорност са стаа до највисок ранг на натпревари и ноќеска го очекува дебито за Шарлот во МЛС лигата, а гостин ќе му биде токму Клјестан, кој му подари и дрес во 2010 година.

„Се радувам на нова средба со Крис и се надевам дека сега тој ќе ми подари дрес. Во 2010 година за првпат се запознавме во детската болница во Лос Анџелес, а сега ќе имаме многу поубава средба на терен“, напиша Клјестан на Твитер.

Американските медиуми пред 12 години објавија и приказна дека Клјестан и финансиски го помогнал лекувањето на Хегарт.

Крис сега има 20 години, а во јануари годинава за сума од 50 илјади долари се пресели во прволигашот Шарлот од младинската академија на Сиетл сондерс и го очекува првиот настап во МЛС лигата.

 

- Оглас -

Најнови вести