Брегот на Слоновата Коска победнички го започна настапот на Африканскиот куп на нации, откако пред своите навивачи со 2:0 славеше над Гвинеја Бисау. Брегот на Слоновата Коска по втор пат е домаќин на континенталното натпреварување и сигурно е една од оние селекции кои ќе бидат меѓу фаворитите за златото. Сенегал е актуелен бранител на тронот.
Пред почетокот на првиот меч од Африканскиот куп на нации, спектакуларно беше отворањето на континенталниот турнир.
هنا استاد الحسن واتارا
هنا كوت ديفوار
هنا إفريقيا#CAN2023 #AFCON2023 pic.twitter.com/AjFNsMogbv
— African Nations Cup News (@ANCN23) January 13, 2024
На теренот, Брегот на Слоновата Коска по само четири минути игра Секо Фофана погоди за водство од 1:0. На почетокот на второто полувреме Жан-Филипе Красо даде гол за 2:0 и ги реши сите дилеми околу победникот.