Херојот од „Олд Трафорд“ го нема речиси во ниеден тим, лидерот во Спорт Манија беше на чекор од стотка

Англиската Премиер лига стартуваше, а со тоа започна и Спорт Манија Фантази лигата на официјалната Фантази страна за ова првенство. Спорт Манија лигата веќе има 400 членови, а по првото коло малку фалеше да имаме и тим со 100 поени.

Димче Минов е најдобар менаџер по првото коло во нашата лига, со 98 поени, пред Андрија Ѓукиќ со 96 бодови и Бојан Стојановски, кој со 89 бодови е на третото место. Токму овие тројца добиваат и вредносни ваучери од Sport Life, и тоа за првопласираниот Димче ваучерот е 300 денари, за Андрија има ваучер од 200 денари, а Стојановски добива ваучер од 100 денари.

Вакви подароци од Sport Life ќе има за првоплсираните тројца во сите 38 кола, a најдобрите тројца ќе бидат оние кои ќе бидат на првите три места според рангирањето на официјалната страница на Фантази Премиер.

На светско ниво има речиси 8,5 милиони менаџери кои ја играт оваа популарна игра, а најдобриот тим по првото коло има освоено дури 119 поени, и тоа најмногу блгодарение на трипл-капитен џокерот искористен на Ерлинг Халанд.

ИГРАЧИ КОИ РЕЧИСИ НИКОЈ НЕ ГИ СТАВИ ВО ТИМОТ, А ИМАА БЛЕСКАВО ПРВО КОЛО

Победата на Брајтон на „Олд Трафорд“ против Манчестер јунајтед беше најголемото изненадување во првото коло. Паскал Грос постигна два гола и изненади многумина, но оние кои добро ја следат неговата кариера, знаат дека токму Манчестер јунајтед е омилен клуб на кој редовно им дава погодоци.

Грос има постигнато вкупно шест гола во мрежата на Црвените ѓаволи, па заслужено си освои 15 фантази поени во ова коло. Од речиси 8,5 милиони играчи, само 0,5 отсто го имаат Грос во своите екипи, а само двајца од целиот свет решиле Грос да го стават капитен и да го искористат трипл џокерот, што значи дека само овој играч им донел дури 45 поени.

Од оние играчи кои ги има само во помалку од 1,5 отсто од екипите, а имаат двоцифрен број поени, освен Грос, тука се уште и Шар – 15 поени (1,3 %), Кели – 12 поени (0,4 %), Лерма – 10 pts (0,5 %) и Поденс – 10 поени (0,9 %).

Трансфери пред почетокот на второто коло на Фантази може да направите до сабота (13 август).

- Оглас -

Најнови вести