Фараонот ги поминува последните денови на „Енфилд“?

Ливерпул може да остане без првата ѕвезда Мохамед Салах доколку не избори пласман во Лигата на шампионите за следната сезона. Неколку француски медиуми го поврзуваат со трансфер во ПСЖ, со тоа што Фараонот би бил замена за Килијан Мбапе, кој е на излезна врата.

Парижаните првично го посакуваа Лионел Меси, меѓутоа Аргентинецот е поблиску до обновување на соработката со Барселона, па затоа Салах стана нов приоритет на Светците. Сумата која се спомнува од 80 милиони евра наводно е доволна за Црвените да го пуштат Египќанецот да се пресели на „Паркот на принцовите“.

Оваа сага допрва ќе се развива, а она што треба да се знае е дека Црвените нема да мируваат доколку им замине најдобриот стрелец во последните три сезони, а Џејдон Санчо е еден од фудбалерите кој би можел да го наследи Фараонот на „Енфилд“.

- Оглас -

Најнови вести