Напаѓачот на Атлетико Мадрид, Хулијан Алварес, и понатаму е главна трансфер цел на Барселона за претстојниот летен преоден рок и покрај сериозните финансиски потешкотии кои би ја придружувале евентуалната зделка.
Според шпанските медиуми, уште во јануари спортскиот директор на Каталонците, Деко, одржал неколку средби со претставници на играчот, но засега нема конкретен напредок во преговорите и ситуацијата останува во застој.
Од Атлетико Мадрид немаат намера лесно да се разделат со аргентинскиот напаѓач. Се очекува клубот да постави многу висока цена, над 120 милиони евра – сума слична на онаа за која Антоан Гризман премина во Барселона токму од таборот на Јорганџиите во 2019 година.
Интерес за Алварес има и од клубови од Премиер лигата, а тоа посебно се однесува на екипата на Арсенал.

