Проблем за Реал: Мбапе нема да игра до крајот на сезоната – ќе се чува за Мундијалот?!

Реал Мадрид и втора сезона по ред нема да освои ниту еден трофеј, а Кралевите сега се соочуваат со нов проблем. Според шпанските медиуми, Килијан Мбапе нема да игра за Реал Мадрид до крајот на сезоната и тоа само за да биде поодморен за настапот со Франција на Светското првенство во САД, Канада и Мексико.

Ваквиот потег доколку се покаже како вистински, е само уште еден проблем за Кралевите, но и за сè она што се случува во Реал Мадрид во последниот период.

Сепак, дел од најавите се дека Французинот има ситна повреда и тоа е причината за ваквата одлука.

- Оглас -

Најнови вести