Фати ќе добие нов договор во Барселона, клаузулата – 400 милиони евра!

Ансу Фати од вчера е најмладиот стрелец во историјата на шпанската фудбалска репрезенатација со 17 години и 311 дена. Талентираниот тинејџер на Барселона вчера го реализира третиот гол во убедливите 4-0 над Украина, по што доби пофалби од сите страни, вкулувајќи го и селекторот Луис Енрике.

Нема сомнежи дека Фати полека прераснува во фудбалска ѕвезда и многу веројатно ќе биде иднината на Каталонците, а за тоа да се оствари, ќе се погрижи неговиот агент, познатиот Жорж Мендеш.

Актуелниот договор, кој му важи до јуни 2022 година, најмалку ќе се продолжи на три години, а клаузулата од 170 милиони евра ќе биде зголемена на неверојатни 400 милиони евра.

Новата клаузула е како гаранција за Барселона за да не се повтори сценариото со Нејмар, со оглед на тоа дека гигантот од „Камп ноу“ зимоска одби високи 100 милиони евра за Фати.

- Оглас -

Најнови вести