Најмлад стрелец во историјата: Фати не можеше на подобар начин да го постигне дебитантскиот гол за Шпанија (видео)

Шпанија води со убедливи 3-0 против Украина по 45 минути игра благодарение на капитенот Рамос и неговите два гола, но и на младиот Ансу Фати.

Тинејџерот на Барселона во својот втор настап за тимот А на Црвената фурија го реализира дебитанскиот гол. Со фанстастичен еврогол од далечина Фати ја отвори својата сметка во репрезентацијата, а претходно изнуди пенал, кој Рамос го реализира за 1-0.

Со 17 години и 311 дена Фати стана најмладиот стрелец во историјата на шпанската селекција.

https://streamable.com/1sdems

- Оглас -

Најнови вести